Поразениот кандидат за шеф на огранокот во Куманово, Фитор Јакупи, го обвини потпретседателот и пратеник, Арбер Адеми, за влијание врз исходот на изборите со ветувања за вработувања или за отпуштање од работа на партиски активисти, пренесува 360степени.мк
-Таборот на кој му припаѓав не се поколеба ниту за момент и до крај ја водеше политичката битка. Освоените 1 375 гласа од нашите активисти се чисти и се израз на нивниот и на револтот на граѓаните против различните групи кои партијата ја гледаат како приватна сопственост, а луѓето кои сакаат да придонесат ги гледаат како узурпатори на нивниот имот. Неправилностите беа од најразлична природа, почнувајќи од ветувања за вработување, притисоци за отпуштање од работа, до купување гласови. Беа бришени од списоците голем број членови кои ние ги пријавиме за гласањето со што беше прекршен партискиот статут од страна на Арбр Адеми. Сето тоа тоа го прави овој процес недемократски, можеби правно легален, но не легитимен во очите на народот, напиша Јакупи на Фејсбук.