Денес чествуваме јубилејни години од илинденското востание и херојството на илинденците кои го посееја семето на нескршливоста и АСНОМ темелот на нашата државност, се вели во Фејсбук статусот на градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

-Ден кога ги славиме идеалите, посветеноста и жртвата на генерации македонци, преточени во борбата и стремежот за слободна Македонија. Симбол на македонската борба за самостојна и независна држава, кој има посебно историско и духовно значење за секој македонец. Ден кој не обединува и инспирира, но и обврзува да ги почитуваме и да живееме со идеалите на хероите. Да им се заблагодариме и да им оддадеме почит! Истакна Јанчев.

-Нека е честит Илинден! Нека е вечна нашата татковина Македонија! Додаде тој.