Денеска на наша чест и задоволство, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и пратениците, со дел од советниците од ВМРО-ДПМНЕ сме на увид на повеќе градежни места во Кавадарци.

Една од поклучните инвестиции за 2023 година, токму е оваа улица Лазо Асијата. Како улица е позната на ова месно население затоа што повеќе од 30 години чекаа и очекуваа пробивање на самата улица и пуштање во функција затоа што поголем дел од жителите немаа сопствени прилази, односно немаа ни асфалт ни улица за пристапување со сопствените домови.

Со пробивањето на оваа улица која е комплетна инвестиција на општина Кавадарци од 25 милиони денари ќе се овозможи и за постоечките жители да добијат соодветен пристап, но и за дооформување на урбанистичкиот план, Лазо Асијата со повеќе од 70 парцели за домување за да може градот на оваа источна страна да го шириме и алтернатива за кружно движење, кажа Јанчев.

-Морам да потенцирам дека се пристапи кон комплетно пробивање, потоа се изгради атмосферска канализација, канализациона и водоводна мрежа со соодветни приклучоци за идните инвестиции. Потоа се оформија тротоари и улично осветлување и асфалтна маса од два слоја, како што доликува на домаќинска општина, градење по сите теркови за оваа инвестиција да биде подолговечна, потенцираше Јанчев.

-Морам да кажам дека предизборните ветувања кои ги имавме во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, заедно јас како градоначалник и советниците на ВМРО-ДПМНЕ, дека голем дел од капиталните инвестиции, некаде околу 80% се остварени или отпочнати со работа, рече тој.

Се што е отпочнато и остварено, буџетски и систематски ни е решено во делот на финансиската конструкција. Така да со домаќинско работење, со пристапно работење кон граѓаните, секоја општина, а особено општина водена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник како што доликува на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните ќе го видат својот бенефит и во делот на искористување на средствата во правилна форма за интерес на граѓаните.

Сме работеле така, така и ќе продолжиме, и можам да кажам со среќа нека де оваа улица Лазо Асијата за користење на нашите граѓани.