Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во рамките на активноста „Промените на дело“ на посета во Кавадарци, каде што заедно со градоначалникот Митко Јанчев се на увид на градежни активности во градот.

-Добар ден од мене, ќе ми дозволите да му честитам на градоначалникот, да честитам на советниците, на администрацијата овдека во општина Кавадарци бидејќи сето ова кое што се работи претставува како што кажа и Митко лицето како треба еден градоначалник, еден градски татко заедно со советниците и со општинската администрација да работат за интересите на градот.

-Не помалку важно е значењето и на пратеникот кој што доаѓа од општина Кавадарци, кој што можам да кажам дека секојдневно се бори во рамките на македонскиот Парламент да обезбеди проект плус, финансии плус кои што би можеле да од страна на централниот буџет дојдат до локалниот буџет овдека во општина Кавадарци.

За жал имаме Влада таква каква што имаме, онаму каде што се градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ како што е тука во Кавадарци, како што е Митко Јанчев, тие гледаат повеќе да им одмогнат отколку да им помогнат, како да станува збор за туѓи некои жители, како да станува збор за туѓи општини, а не општини во Република Македонија чија што влада треба да ги поддржува и чија што влада треба да се грижи за секој еден жител во Македонија, кажа Мицкоски.

За жал оваа Влада предводена од ДУИ и помалиот коалиционен партнер СДСМ тоа не го прави.

-Така што морам да сумирам дека сите овие проекти кои што се сработени овдека во Кавадарци, кои што се отпочнати со работа и кои што треба да се дозавршат ја заокружуваат целината на предизборните ветувања кои што беа дадени за време на кампањата во 2021 година. И од она кое што го разговаравме со Митко ние и предвреме најголем дел од таа Програма, ако не и целосно ќе биде реализирана. Така што веќе се размислува за идниот развој на Кавадарци, која што идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе го овозможи, кажа тој.

Така што уште еднашка дозволете ми да им честитам и на Митко, да честитам на Зоки овдека, на советниците, на администрацијата за сето она кое што го прават тука во Кавадарци за кавадарчани. И да им посакам уште многу вакви успешни проекти, уште многу проекти кои што ќе значат поквалитетен живот на кавадарчани.