Со задоволство ви најавуваме дека трета година по ред, во пресрет на Божиќните празници, Општина Кавадарци во соработка со неколку општествено одговорни компании ќе организира заеднички ручек на Градскиот плоштад на 6 јануари од 10:00 до 14:00 часот, со кој сакаме на сите граѓани да им понудиме дружење и славење токму на овој голем христијански празник, кој веруваме ќе стане традиционален, напиша градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, на социјалните медиуми.

Идејата е на еден од најдобрите готвачи шеф Горан Филипов кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија ќе се потрудат да ја реализираат и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани.

Секако ова не би било возможно без нашите пријатели од Слога Пром Кавадарци, Рибара Бо-Ри, Златен крап- Аква Гарант Кавадарци, Жито Југ, Маркети Минекс, Кожувчанка, Пиљара и продавница за здрава храна Аце Пром,Димов Те-Ди Макарена с. Ваташа, Маркети Лутка, Винарија Кимов, Анси Фреш Неготино,Ресторан Пронто Вруток, на кои од срце им благодариме!

Ве чекаме во сабота…,објави на ФБ градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.