Денеска 16 јуни 2023 година го чествуваме 80 години од ѕверското стрелање на 12 деца токму тука на ова место Моклиште од бугарскиот окупатор на ѕверски свиреп начин беа убиени 12 деца. Во нивна чест и во јубилејни 80 години од стрелањето општина Кавадарци заедно со Советот на Општината во програма изготви 12 бисти. Денес беа свечено отворени, а исто така се отвори и спомен соба во чест на децата кои беа стрелани 1943 година на 16 јуни, истакна Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци, кој присуствуваше на одбележување на 80 годишнината од стрелањето на 12-те ваташки младинци во Кавадарци.

-Спомен собата има повеќе намени, или има, преставени се делови од животот на децата, во делот на нивното стрелање, во делот на градење на споменик од 1961 година и содржи нивни лични документи од самиот живот меѓутоа и посмртно од самите деца.

Денес гордост е дел да си од Ваташа, гордост е да си дел од Кавадарци зошто овие деца го дале животот за слобода на Република Македонија, тука заедно со ваташани, кавадарчани, со повеќе наши граѓани и политичките партии заедно да го прославиме овој ден за да ја градиме иднината на основа на минатото и она што значи 80 години од ѕверското стрелање на овие 12 младинци. Сите немале ниту 120 години заедно на денот на нивното стрелање, а тоа е еден човечки живот кој го има живеено еден човек. Така да, да се убие дете, да се стрелаат 12 деца е незаборавен чин. Меѓутоа ние сме народ, христијански православен кој знае да проштева, меѓутоа прошката ја бараме со она што значи извинување и поклонување токму пред овие бисти и споменик.

Да живее Ваташа! Да живее Република Македонија!, додава Јанчев.