Пред почетокот на седницата на бугарската Влада, премиерот Стефан Јанев соопшти дека утре во Софија ќе пристигне официјална делегација од Република Северна Македонија предводена од премиерот Зоран Заев, јави дописникот на МИА од Софија.
-Прашањата што ќе бидат разгледани се од исклучителна важност и за двете страни, истакна премиерот Јанев.
Тој изрази надеж дека практичните чекори што можат да се преземат меѓу владите на Бугарија и Северна Македонија подоцна може да се рефлектираат во позиција што ќе биде разгледана во новиот бугарски парламент и да се бара трајно решение, што ќе биде во интерес на европската интеграција и перспектива на сите земји од Западен Балкан.