Во врска со настанот на убиство што се случи во главниот град, сакам да ги известам граѓаните дека полицијата реагираше веднаш со сите расположливи ресурси, вклучувајќи ги комбинирани полициски и истражни методи, напиша на Фејсбук директорот на БЈБ, Александар Јанев.
Итно беа активирани и преземени сите мерки, со цел да се обезбеди безбедноста на граѓаните. Нашата цел е да не дозволиме градот и државата да се претворат во полигон на пресметки на криминални групи. Законот и редот се и ќе бидат над криминално-мафијашките структури. Криминалот нема етничка или партиска припадност, а нашиот одговор е и ќе биде жесток и без компромис. Сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно, а ние ќе продолжиме да работиме со најголема одговорност и ангажираност за да се оствари тоа. Ве молиме да бидете внимателни и да соработувате со полицијата. Вашата безбедност е наш приоритет и нема да се задоволиме додека не го вратиме спокојот и сигурноста во нашиот град, истакна Јанев.
Македонија е над се и држава за сите нас, во која сите ние и нашите деца треба да живееме и да се чувствуваме безбедно, додава Јанев.