Во денешната емисија „За или против“ на Алфа ТВ гостуваше Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ која што истакна дека министерството за образовании несоодветно ги троши парите а немањето стратегија дополнително го оптоварува буџетот и посочи примери како оваа година сите тиражи од најмалиот до најголемиот се печатат по иста цена, и со многу вакви за народот невидливи зделки и договори се трошат народните пари а министерот за образование вели нема средства за печатење на учебници, пренесува Press24.mk.
„Ако тие што се задолжени да мислат на образованието на целиот процес на се што е потребно за соодветно образование не го прават тоа, туку прават пропусти, тогаш или не се способни или грешките се намерни. Дополнителен проблем е и немањето соодветна комуникација на министерството со училиштата и наставниците. Не се праќаат дописи дали некоја книга е повлечена од употреба. Дополнителна енергија троши наставникот за да му посочи на ученикот што во книгата не е точно. Буди револт кај луѓето кога родителите ќе видат такви книги со грешки и на што се трошат нивните пари“, посочи Јаневска.
Весна Јаневска кажа примери како оваа година сите тиражи од најмалиот до најголемиот се печатат по иста цена, и посочи дека со многу вакви за народот невидливи зделки и договори се трошат народните пари а министерот за образование вели нема средства за печатење на учебници.
„Нема да има учебници за новата учебна година, се разбира дека несоодветното работење го троши буџетот не само на министерството за образование туку на Македонија. Еве уште еден пример, во минатото во зависност од тиражот на книгите таква била и цената за печатење по страница па имало тираж од 500 книги од 1000 над 5000 книги и тој бил различен колку е поголем тираж толку е помала цената за печатење на една страница од учебникот. Оваа година сите тиражи од најмалиот до најголемиот се печатат по иста цена. Прашањето е зошто, треба да одговори министерот за образование или службите. Од тука на многу вакви за народот невидливи зделки договори, се случува министерот да каже нема пари за печатење на книгите“, нагласи Јаневска.