Искршени прозорци, тензија, пцовки. Уште пред почетокот на наптреварот Шкупи – Левски се случи инцидент. Бугарски фанови пробаа да поминат низ Чаир со провоцирање, но не поминаа баш добро.

Телевизијата Клан Македонија пред малку на својот официјален Фејсбук профил објави снимка од случувања во Чаир пред мечот меѓу Шкупи и Левски во Скопје.

На снимката, како што се тврди, може да се забележат инциденти, односно во описот стои дека бугарски навивачи влегле во Чаир, по што биле нападнати од локалното население. Повеќе детали засега не се познати.

Претходно, УЕФА вечерашниот натпревар го прогласи дека е од висок ризик, па затоа е големо полициското обезбедување.

Последните политички случувања меѓу Македонија и Бугарија даваат дополнителна тежина на овој натпревар, со што ризикот станува поголем.