Во продолжение го пренесуваме ставот на Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ:

Директорот на БРО Хасипи не чувствувал одговорност за доцненње на учебниците и МИСЛИ дека во септември ќе има учебници. Министерот Шаќири пак тврди дека на 1 ви септември ќе има учебници. Двајцава како да не се усогласени, иако треба тесно да соработуваат; важно се спроведувале процедури. Ако и оваа година процедурите се ефикасни како лани, учениците ќе добијат учебници 1- 2 недели пред крај на годината.

Втора вест за денес е датумот на почетокот на новата учебна година, во септември годинава. Се лиферуваат датуми, 11 – ти септември. 1 – ви октомври, како закон во земјава да не постои, а за целиот календар, распустите, бројот на учебни денови никој не размислува и не коментира, Небаре за наставниците било, велат и Шаќири па и Јаким Неделков од СОНК, како од вчера да стапиле на функција. Наставниците од 15-ти август (+/- некој ден) се враќаат на работа, па ако почнат од 11-ти септември на 1-ви септември сосема сигурно ќе бидат на работа. Значи, евтиниот одмор пропадна како изговор. Тоа дека ќе треба да работат до 20-то јуни никој не го споменува мислејќи дека наставниците се малоумни, па ќе се залетаат за евтините одмори во септември.

Се прашувам дали оние што го даваат предлогов и самите знаат што прават.

Надлежни,

Сакате да го подобрите образованието со промена на датумот на почетокот на учебната година спротивно на закон? Можеби планирате законот да го смените по кратка постапка со европско знаменце?

Нема никакво образование доколку вака се однесувате, нема. Не ве почитуваат ни родителите, ни учеиците. Срамота!