– За жал, Дуња Мијатовиќ е дел од мрежата на лажни вести. Таа е добро платена со нашите пари, напиша Јанша во објавата на Твитер на англиски јазик.

Во извештајот објавен кон крајот на минатата недела, Мијатовиќ ја повика словенечката Влада да престане со влошување на состојба во областа на слободата на медиумите и слободата на изразување.

Во извештајот што го даде по посетата на Словенија и разговорите со неколку високи функционери, таа ги наведе малтретирањето и заплашувањето на новинарите како проблеми во Словенија и најави тужби против некои од нив, предупредувајќи дека некои активности на словенечката Влада можат да ја нарушат независноста, кредибилитет и финансиска стабилност на јавните медиуми.