Станува збор особено за наводниот предлог за укинување на сегашните ентитети во Босна и Херцеговина, за сметка на територијалните проширувања на Србија и Хрватска. Тоа предизвикува стравувања во регионот од можен „домино ефект“ и повторни разгорување на етничките нетрпеливости. Ресурсот NEWS 1 за ова прашање побара став од премиерот Јанша. Тој кусо одговорил:

– Словенија ја поддржува европската перспектива на Македонија, во рамките на постоечките граници. Никогаш официјално или неофицијално немала поинакви ставови од овој став, вели Јанша за NEWS1.

Во одговорот Јанша воопшто не се осврнува на тврдењата дека е поднесен ткн „нон пејпр“ со кој се бара да заврши процесот на распаѓање на Југославија и изнесува ставови кои се однесуваат само на Македонија.