– Ако не достигнеме 70 проценти, тогаш ќе имаме четврти бран и сè ќе биде затворено наесен, рече Јанша, одговарајќи на пратеничко прашање во врска со состојбата на епидемијата.
Словенечкиот премиер рече дека во Словенија, но и во Европа, вакцинацијата треба значително да се зголеми, за ова лето и есента да поминат што е можно понормално.
-Ако наесен имаме тежок бран во Европа, поради Делта варијантата, тогаш за тоа ќе бидеме сами виновни. Тогаш ќе треба да се запрашаме како успеавме толку брзо да развиеме и произведеме ефикасна вакцина против Ковид-19, а не можеме да ги убедиме луѓето да се вакцинираат, рече Јанша.
Тој изјави дека некои земји-членки на ЕУ веќе подготвуваат законски решенија за задолжителна вакцинација против Ковид-19 на некои категории население, дека некои размислуваат за задолжителна вакцинација на сите возрасни лица, некои за задолжителна вакцинација на медицинскиот персонал, на вработените во домовите за стари лица, вработените во туризмот и слично, а ќе предложат и укинување на правото за бесплатно тестирање на оние кои не сакаат да се вакцинираат.
-Иако ова засега не е предлог на Владата, Словенија ќе мора да дискутира за ваквите решенија и да донесе конечна одлука, рече словенечкиот премиер.