– Секој ден сме сѐ поблизу до црвената фаза. Ширењето на вирусот е забрзано со британската варијанта и ова бара дополнителна претпазливост. За жал, април оваа година ќе биде сличен на минатата година, напиша Јанша на „Твитер“, потсетувајќи на минатогодишниот прв бран на епидемијата, проследен со неколкумесечно затворање.
Во земјата досега се вакцинирани 179.351 лице. Државниот врв вчера беше вакциниран со вакцината на „Астра зенека“ за да се докаже дека е безбедна.