Јапонскиот премиер Фумио Кишида денеска побара удвојување на дневниот број на засилувачки дози на вакцини против Ковид-19 до крајот на месецот.
Тој говорејќи пред Комисијата за буџет истакна дека им наредил на министрите да соработуваат со локалните власти за да се забрза кампањата за вакцинација.
Во Јапонија вчера првпат бројот на инфицирани со Ковид-19 надминаа сто илјади. Во повеќето јапонски региони, постојат антиковид ограничувања, насочени кон спречување на ширењето на сојот Омикрон.
Во Јапонија, помалку од пет проценти од луѓето примиле дополнителна доза од вакцината против Ковид-19.