Машкиот и женскиот маратон, како и трките во брзо одење, ќе се одржат во Сапоро, оддалечен повеќе од 800 километри од Токио. Сапоро е главен град на островот Хокаидо каде и натаму на сила е вонредна состојба поради Ковид-19.
Организаторите соопштија дека актуелната состојба со коронавирусот наметнува потреба да се ограничи движењето на навивачите.
– Поради тоа е донесена одлука да се побара од јавноста да се воздржи од следење на трките долж патеката, се наведува во соопштението.
Нови ограничувања за другите олимписки натпреварувања се очекуваат до крајот на оваа недела.