Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека јавната дебата за новиот Закон за високо образование сè уште не е завршена. Министерството очекува универзитетите официјално да ги достават своите интегрирани забелешки.

Јаневска најави дека од следната недела ќе започнат директни средби со академската заедница. На тие расправи ќе се разгледуваат спорните членови и предлозите од професорите и универзитетите.

„Сè што е разумно ќе биде прифатено, а сè што може да претставува проблем ќе биде предмет на дискусија“, изјави министерката. Таа додаде дека дел од предлозите веќе пристигнуваат преку ЕНЕР и по електронска пошта.

Министерката нагласи дека Македонија мора да се движи кон повисоки стандарди во образованието и науката. Според неа, нема време за просечни резултати и Министерството ќе го поддржи напредокот и законски и финансиски.

Јаневска најави и дека од 2026 година свидетелствата во основното и средното образование ќе се дигитализираат.

Изјавите ги даде на одбележувањето на празникот Свети Трифун на Опитното поле на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, каде упати честитки до земјоделците, лозарите и овоштарит