Најмногу наталожени неплатени сметки се кон ЕВН и приватните добавувачи на електрична енергија. Во Лозово ситуацијата е најалармантна. Директорот си зел годишен одмор до декември, па новата општинска власт не може да направи увид во финансиската документација. Градоначалникот Бошко Цветковски бил приморан да го свика Советот по што е констатирано дека комуналното претпријатие не работи во целост. Колкави се долговите засега е неизвестно, а за проблемите во претпријатието дознвал од вработените кои секојдневно му се жалеле, објаснува Цветковски
-Фактури стигаат од секаде и во моментот се закануваат со блокада на сметката. Бидејќи немат земено три плати, не знам колку точно се број. Вработените немаат ниту здравствено осигурување и тоа е сериозен проблем изјави Бошко Цветковски, градоначалник на Лозово.
Долг околу 300.000 евра има и Јавното комунанално претпријатие „Плачковица„ од Карбинци. Најмногу должи по основ на електрична енергија..
-Се работи за околу 15милиони денари, обврски кон ЕВН, како и над 1милион денари за електрична енергија од други добавувачи. Вкупниот долг е 16.500.000денари, по основ на потрошена електрична енергија изјави Виктор Паунов, градоначлник на Карбинци.
Рекордер по неплатени долгови е штипсккото комунално претпријатие Исар. 29милиони денари должат на добавувачот на електрична енергија „Солар про„. Претходната власт за само четири години штипското комунално претпријатие го задолжила со 300 милиони денари.