Јавниот долг на еврозоната на крајот на првиот квартал изнесувал 91,2 отсто од БДП, а јавниот долг на ЕУ 83,7 отсто од БДП, се наведува во најновиот извештај на Евростат.

Споредено со последниот квартал од минатата година, јавниот долг е намален и во еврозоната и во ЕУ, бидејќи тогаш изнесувал 91,4 отсто и 83,8 отсто од БДП.

Јавниот долг е намален и во однос на истиот квартал лани, кога во еврозоната изнесуваше 95,0 отсто од БДП, а во Европската унија 87,4 отсто од БДП.