Во септември годинава јавниот долг на Србија изнесуваше околу 32,42 милијарди евра, што е 53,7 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти денеска српското Министерство за финансии.

Во август јавниот долг изнесува 32,24 милијарди евра или 53,4 отсто од БДП.

На крајот на 2021 година јавниот долг изнесуваше 30,13 милијарди евра и имаше учество од 56,5 отсто во БДП.