Поради државниот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден, јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а сите продажни места на ЈСП „Скопје“ ќе бидат затворени.

Како што информира ЈСП „Скопје“, жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.

Во период од 19 до 19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.