Новата опрема, како што информира Стефковски, е во вредност од 2.700.000 денари и се состои од шест контејнери за кабаст отпад и камион специјализиран за подигање на истите.
Од следната недела, контејнерите ќе бидат поставени по урбаните и месните заедници каде граѓаните ќе можат да го одложуваат својот покрупен и кабаст отпад.
– Ова е уште еден проект кој ќе придонесе за подобрување на комуналната хигиена и почистата животна средина во општината, напиша Стефковски на Фејсбук.