-Во само 50тина дена од мандатот, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски започна со изградба на втора фаза фекална канализација во Гоце Делчев, прва фаза фекална канализација во Страчинци, асфалтираше улици во должина од скоро 2000 метри, се тампонираат улици во повеќе населени места, се реконструираат спортски и детски игралишта, се решава проблемот со водоснабдувањето во Брњарци, се модернизира и опремува ЈКП. Едноставно изминатите 50 дена се реализираат проекти насекаде низ општина Гази Баба, нешто што во времето на СДСМ не можеше ниту да се замисли, стои во партиската реакција и се додава:

„Што се однесува до обвинувањата за непотизам, СДСМ манипулира со јавноста.

Имено, трите посочени лица во општинската администрација се вработени: првото посочено лице е вработено во 2013 година, второто посочено лице е вработено во 2014 година а третото посочено лице во 2005 година, додека членови на нивните семејства се избрани за членови на Советот на општина Гази Баба на непосредни локални избори во 2021 година, многу години по нивното вработување.

Гази Баба секојдневно се гради и менува, тоа граѓаните го препознаваат“.