– Во меѓувреме, тимот обвинители од тетовското и скопското обвинителство продолжува интензивно да презема дејствија за испитување на трагичниот настан. Се очекуваат резултатите од наредените вештачења и се врши распит на сите лица кои со своите сознанија би можеле да помогнат за откривање на причините за пожарот, истакнаа од ОЈО.
Од Обвинителство за МИА потврдија дека денеска во посета на опожарената модуларна болница во Тетово заедно со обвинители од тетовското Јавно обвинителство не биле германски експери, како што јавија повеќе медиуми, туку дека станува збор за претставници од Амбасадата на Германија во земјава кои не се поврзани со истрагата.