Заев рече дека ќе чека да заврши истрагата за трагичниот настан во модуларната болница во Тетово во која загинаа 14 лица, па ќе реши дали да ја прифати оставката.

– Двајца блиски како Заев и Филипче не си “поднесуваат” документи без претходен договор.
Секој во државава знае за блискоста на Заев со Филипче, тоа е и дегутантно потенцирано, па со тоа и претходно секој од нив е запознаен со искреноста во чекорите на другиот.
Поточно, Заев знае ја чувствува ли Филипче одговорноста или вчерашната изјава е целосна лага, глума дека чувствува грижа на совест.
Секоја натамошна игра со оставката на Филипче е само купување време, смирување страсти и дефокус од проблемите со груби лаги, нечовечност и театар при толкава трагедија!
Пеплосани се луѓе, тие прават политички театар!, пишува Стоилковски.