Селекторот на машката кошаркарска рерпезентација Александар Јончевски верува дека неопопуларниот систем на квалификации во кој една репрезентација е веќе домаќин, и го има обезбедено учеството во завршниот дел, на крај ќе биде во македонска полза.
„Реално не бевме многу оптоварени со ждрепката и кои репрезентации ќе ни бидат противници. Откако ги видовме групите, јасно ни беше дека ќе бидеме со три подоброрангирани репрезентации и дека шансите ќе ги бараме против следната подоброрангирана, во овој случај Естонија. Системот каде една репрезентација е веќе домаќин, и го има обезбедено учеството во завршниот дел е тотално непопуларен. Таква беше ситуацијата и во претходните квалификаци, па ни е добро позната. И верувам дека тоа овој пат ќе го искористиме во наша полза“.
За противниците Јончевски вели дека станува збор за квалитетни селекии.
„Естонија ни е должник од тогаш, а секако ќе ги измериме силите и на претстојниот турнир во Талин каде што ќе бидат домаќини. Литванија е секако главен фаворит, а и Полска која беше четвртта на последното Европско првенство, и згора на тоа имаат и одлична генерација. Единствено на кое се надеваме е да се појавиме во комплетен состав на сите ФИБА ‘прозори’ кои претстојат низ квалификациите, каде секој натпревар би бил одлучувачки“ – дополнува Јончевски по дознавањето на имињата на ривалите во наредниот квалификациски циклус.