Грчки симпатизер на атинскиот фудбалски клуб АЕК е убиен со нож во вторникот вечерта при тепачка со навивачите на Динамо Загреб и Панатинаикос од Атина кои се во добри односи со Бад Блу Бојс. Најмалку шест лица се повредени во навивачки пресметки пред првиот натпревар од третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите, што требаше да се одигра вечерва во 20:45 часот на стадионот на АЕК, но по убиството беше одложен.

Грчките медиуми јавуваат дека брзата помош го префрлила младиот човек во болница, каде лекарите се бореле да му го спасат животот. Тој беше придружуван од неколку повредени навивачи, додека шестмина од нив беа „во очај, се држеа за лицата и постојано разговараа на телефон“, чекајќи да видат што ќе се случи со член на нивната група, наведува Газета.

АЕК ги затемни сите профилни слики на официјалните профили на социјалните мрежи во спомен на убиениот 29-годишен Михаил. Сега ја објавија неговата фотографија со натпис: „Михаил, АЕК никогаш нема да те заборави, бараме максимална казна за убијците!“