Најостро ги осудувам и демантирам информациите кои што беа пласирани во јавноста од страна на МВР за наводна злоупотреба на должност на директор на градинка. Ова е класично демонстрирање на моќ и влијание на МВР по насока на СДС, со цел да се нанесе штета на угледот на институцијата и на личноста, вели Иван Јорданов, градоначалник на општина Штип.
-Во изминатите месеци бевме предмет на тортура, не законски претреси, истраги и закани од страна на инспектори од СВР Штип, кои се директно поврзани со СДС. Како пример началникот чие што одделение ја вршеше истрагата во градинката е брат на висок партиски функционер, секретар на СДС во Штип и поранешен директор на гимназијата, Славчо Стојменски, кој што има личен и директен мотив да направи злоупотреба на својата положба, нанесувајќи штета на угледот на претставниците на локалната власт.
Ова е класична злоупотреба на овластувањата на лицата вработени во МВР кои однесувајќи се нахално имаат задача да креираат страв, но и лажна пријава со цел манипулација на јавноста и оцрнување на нечие име и институција.
Вистината е една и единствена. А тоа е дека градинката има набавено детски реквизити од кои најголем дел се монтирани и кои што се користат од страна на дечињата кои се згрижени во детските градинки и се поставени во сите клонови.
Ова е сосема различно од извештајот кој што е наведен во МВР и за истото ќе направиме вештачење и за ова некој ќе одговара за ширење на лажна информација.
Сакам да им порачам на началникот на СВР Штип, на МВР и на министерот како и на СДС кој ја организираше оваа местенка дека за сето ова ќе заработат контра пријави за лажна клевета, за нарушување на углед и злоупотреба на службените позиции, затоа што го користат предизборно влијанието на МВР.
Ја користат моќта на своите позиции за партиски цели и креирање на лажна слика пред јавноста.
Почитувани претставници на министерството за внатрешни работи, почитуван министер, почитувани Социјалдемократи еве овде сме сите претставници на локалната власт во Штип. Ве повикувам да поднесете уште стотина пријави пред избори, уште стотина кривични пријави за да ја изманипулирате јавноста и да го нарушите нашиот углед, но прочитани сте ние ви поминува веќе. Не ви се плашиме за ова ќе одговарате за најскоро време по промената на власта, за сето ова што го направивте ќе направиме вештачење и контра пријави за лажните информации кои ги пласиравте во јавноста за да оцрните, девалвирате, извалкате нечие име за да ја дефокусирате јавноста од вашите секојдневни криминали, неработење и она кое што македонскиот граѓанин го гледа секојдневно.
Во насока на сето ова што јас го говорам сите овие информации се јавно достапни. Детските реквизити уште пред неколку месеци се набавени, се во рамки на градинката, се поставени во клоновите. Можете заеднички со нас да ги погледнете сите детски реквизити кои во извештајот на МВР се навадени дека не постојат и дека не се набавени односно дека се платени средства а за возврат дека не се добиени никакви стоки и услуги. Ова е апсолутна лага и невистина.
Еве ја користам оваа прилика да ги презентирам фактите со слики направени од сите детски реквизити кои се поставени по клоновите во детските градинки а можете и вие со камерите да ги доловите овие детски реквизити кои се поставени во клонот во кој моментално се наоѓаме.
Зарем ова не се детските реквизити кои што МВР во извештајот наведува дека ги немало? Зарем ова не е набавката за која што тие велат дека сме ја злоупотребиле односно дека не биле набавени детските реквизити?
Дали за ваквата лага и изнесување невистини некој ќе одговара?
По отфрлањето на оваа пријава која што е поднесена од страна на судството и обвинителството ќе поднесеме контра пријави против началникот на полицијата, против инспекторите кои што нахално се однесуваа, кои што вршеа претрес во детска институција и во детска градинка за да презентираат страв и да презентираат пред јавноста дека некој незаконски работел. Ова се фактите наспроти лажењата и дезинформациите кои што беа пласирани во текот на вчерашниот ден.
Додека сум градоначалник нема да дозволам некој да ги девалвира, омаловажува и оцрнува носителите на јавни функции во општина Штип.
Затоа уште еднаш ви порачувам, не ви се плашиме, поднесете уште 100 пријави против мене и директорите, еве овде сме ве очекуваме, додава Јорданов.