„На презентацијата за младински приоритети, организирана од Фондација за развој на локалната заедница, младите побараа: кино сала и алтернативни проекции, пешачки и велосипедски патеки, паркови со содржини за младите, зајакнување на учеството на младите во креирање на локалните политики.
Тоа се само дел од нештата кои ѝ се потребни на оваа целна група, за да ја гледа својата иднина во нашиот град.
Мојата визија се преклопува со нивните желби, па затоа ова е само почеток на интензивната соработка меѓу младите и локалната самоуправа, затоа што нивните приоритети се наши патокази“ – истакна градоначалникот.