Вечерва, во 20:30 часот, на Плоштад „Слобода“, ќе го зададеме последниот удар на оваа локална власт. Ве повикувам да излезете и да дадете масовна поддршка, затоа што од вечерва од Штип ќе почнат промените и ќе стартуваме со изградбата на новата иднина во нашиот град.
Исто така, ве повикувам, во недела да го дадете својот глас за новата иднина и храбро, без двоумење, водени од искрената желба за напредок и успеси и подобро утре, заокружете го бројот 7, кој ветува нова визија, нова иднина за Штип.
Почитувани сограѓани, заедно и сплотени ќе успееме!
Ќе бидам прв меѓу еднаквите, подготвен да помогнам секому, вратите на општината ќе бидат ширум отворени, а гарантирам и ветувам дека во новата иднина ќе има само среќни и насмеани штипјани.