Вечерва овде го гледам ВМРО во измнативе 30 години, силно, сплотено, спремно за победа што ќе се случи на 17 октомври, рече Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот настан што се одржа на централниот плоштад во Штип, а насловен како Промоција на политики во врска со локалната самоуправа.
„Реалноста во Штип е дека луѓето не веруваат, изнемоштени се, затоа ве повикувам ајде заеднички да ги донесеме промените, да го изградиме Штип со кој ќе се гордееме, ајде заеднички да бидеме сервис на граѓаните и да изградиме еден модерен Штип со кој ќе се гордееме“, рече Јорданов.
Јорданов се осврна и на тоа каков живот живеат сега граѓаните.
„Граѓаните велат дека се подложни на уцени, закани само затоа што не се на иста линија со оваа актуелна власт, но јас ве повикувам сите заедно да излеземе да одиме од куќа на куќа и да ја вратиме вербата. Ние имаме срце кое чука победнички и тоа ќе го покажеме на 17 октомври и Штип ќе победи. Ме прашуваат што ќе направимте, јас велам ќе склучиме коалиција со народот затоа што треба да бидеме нивен сервис да им ја вратиме надежта дека може и мора подобро“, кажа Јорданов.
Тој укажа дека ВМРО-ДПМНЕ ветува посветена и макотрпна работа која граѓаните ќе ја препознаат.
„Затоа Штип го гледам како модерен и развиен град во кој ќе се отвораат нови производствени капацитети, град со паркови, град каде младите ќе ја градат иднината, а постарите ќе уживаат во пензионерските денови. Вечерва порачувам дека одговорноста, чесноста ќе бидат тие кои ќе не следат во следниот период. Ајде заеднички да го изградиме и заеднички да го сочуваме Штип“, рече Јорданов.