Денес заедно со директорот на ЈП Стипион извршивме увид во градежните активности во населба 8ми Ноември. На местата каде што беа отстранети времените лимени гаражи, ќе се изградат паркинг места кои ќе го олеснат функционирањето и секојдневието на тамошните жители.
Предвидени се паркинг места на пет локации со површина од 2.600 метри квадратни во износ од над 3.000.000 денари, пари финансирани од Буџет на Општина Штип.
Покрај оваа населба вакви паркинг локации ќе има и во населбите Автокоманда и Сењак, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Штип Иван Јорданов.