Во школо не учеле да ги мразиме Албанците, вели средно образованиот политички аналитичар Ненад Јовановиќ во неговата полемика со Павле Трајанов.

-Од деца во училиште не учеа дека – или ни создаваа предрасуди – Албанците се некое диво племе, нешто меѓу луѓе и животни. Истиот манир, истата предрасуда ја користи и Павле Т. – пишува Јовановиќ.

Без да навлегуваме каде, дали и што учел, ви пренесуваме уште еден исечок од неговите мудрости.

-Заборава дека денес Албанците се најревносни за Европеизација на земјата; само Македонците се тие кои гаат ресентимани од минатото, само тие се глупираат, сплеткарат, маваат сопки, само за да ги запрат Европските интеграции. И после ќе се чудиме зошто тие луѓе понекогаш немаат доверба во нас. – пишува Јовановиќ.

Целата мудрост на авторот, може да ја прочитате на следниот линк:

https://civilmedia.mk/vo-zemjava-operiraat-sluzhbi-bandi-i-shpijunarija-za-zapirane-na-evropskite-nadezhi-sakam-da-veruvam-deka-pavle-t-ne-e-eden-od-niv/