На иницијатива на Унијата на жени од ВМРО-ДПМНЕ собрани беа средства со кои се купија 1200 ќебиња, кои во склоп на хуманитарната акција веќе се пакуваат и ќе бидат испратени за Турција, изјави претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничка Жаклина Пешевска отворената донаторска програма „Обединети за Турција и Сирија“ на Канал 5.

Таа посочи дека се продолжува со акцијата и изрази благодарност до сите солидарни и хумани граѓани кои се приклучија на оваа хуманитарна акција.

– Продолжуваме и понатаму во наредните денови за помош, многу пати сме покажале досега и за земјотресите во Албанија. За поплавите во општина Гази Баба ни помагаа држави, на овој начин да возвратиме кон пријателскиот турски народ. Апелирам и до сите граѓани, Скопје е град на хуманоста, Македонија е хумана држава, да продолжиме со овие иницијативи, рече Пешевска.