Екипите на ЈП Улици и патишта Скопје, по налог на Град Скопје во текот на изминатиов месец ја обележаа хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во вкупна површина од 7.626 квадратни метри.
Рачно се обележани пешачките премини и автобуски станици се во површина од 5.301 квадратни метри на булеварот Партизански Одреди од крстосницата со булевар ВМРО до крстосницата со улица Македонски Војски. Машински се обележуваа надолжните линии во површина од 2.325 квадратни метри на улиците во Централното градско подрачје, Мал и Голем Ринг и улиците во општина Аеродром. Исто така во текот на изминатите денови обоени се заштитните огради на мостот „Обединети Нации“ и мостот на улица Васил Чакаларов.
Поставена е нова вертикална сигнализација, сообраќајни знаци со променлива содржина на булеварот Гоце Делчев на пешачкиот премин после мостот и платоа за смирување на сообраќајот на улицата Ќемал Сејфула, а исправени се околу 30тина сообраќајни знаци кои беа оштетени.
Екипите кои работат на ноќното обележување на хоризонталната сигнализација продолжуваат со активностите за рачно обележување на пешачките и автобуски станици во Централното градско подрачје, Мал и Голем Ринг.