Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје, Златко Перински денес изврши увид на работните активности за реконструкција на фекалната канализација по дел од ул. 14-ти Декември, односно делницата од крстосницата со ул. Димо Хаџи Димов до крстосницата со ул.Христо Татарчев.

Реализацијата на овој проект се однесува на реконструкција на постоечка фекално-канализациона мрежа која не ги задоволува потребите на граѓаните во овој дел од општината. Со цел да се обезбеди квалитетно одведување на фекалните отпадни води од овој локалитет, ЈП Водовод и канализација- Скопје превзема активности за проектирање и изведба на фекална канализација со дијаметар на полипропиленска цевка од 300мм на ул.14-ти Декември и шахти со вкупна должина од 307 метри.

Со изведбата на фекалната канализација на улица14-ти Декември, која ќе се приклучи на постоечката фекална канализација со дијаметар на цевка од 300мм на ул.Христо Татарчев, ќе се создадат услови за правилно приклучување на постоечките и на новоизградените објекти на дел од улицата Димо Хаџи Димов и 14-ти Декември, а ќе се подобрат и условите за непречено одведување на фекалните отпадни води.

Вкупната инвестиција на ЈП Водовод и канализација – Скопје за реализација на овој проект изнесува 4.157.200,00 ден со ДДВ, а изведувач на работите е компанијата Вардарградба доо.