Оттаму посочуваат дека нема никаква поинаква одлука од онаа донесена пред две години каде се овозможува лицата со попреченост кои имаат куче сервис да може да го користат јавниот превоз.

-ЈСП во соработка со Град Скопје веќе започна сеопфатна програма за подобрување на условите за превоз во јавниот сообраќај за лицата со попреченост преку поставување ниски платформи за лица со попречености, со што јавниот превоз би станал подостапен за истите. Како јавно претпријатие отворени сме за средба со Александар Велески за да ги презентираме нашите планови кои вклучуваат подостапен јавен превоз за лицата со попреченост, се вели во соопштението.

ЈСП Скопје и новата градска администрација веќе работат на промените кои ќе донесат подобро за скопјани преку јавен градски превоз што во вистинска смисла значи превоз за сите граѓани.