Преземени се мерки за расчистување на инцидентот што се случи синоќа во возило на ЈСП на линијата 24 меѓу возачот и патник, при што од видео снимките од возилото е утврдено дека возачот физички го нападнал патникот, соопшти ЈСП Скопје.
Денеска, како што се посочува во соопштението, изготвено е решение за суспензија на возачот и покрената е процедура за преземање на соодветни законски мерки за извршениот престап на работното место.