Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве со акција за косење на зеленилото на кејот на Вардар вршат интензивни активности на уредување на вегетацијата, во координација и по налог на Град Скопје.

Акцијата започна во Ново Лисиче на потег од мостот Близнак до ЈП „Лајка“. Теренските екипи неделава работат на косење на неуредените тревни површини, кастрење на гранки, сечење избојци и чистење на површините.

Екипите со соодветна механизација работат на косење и уредување на дивоизраснатата вегетација на овој простор.

Истовремено, во склоп на оваа акција на косење на зеленилото на кејот се работи и од левата страна на Вардар, каде што се врши уредување на зеленилото на потегот од вливот на Лепенец во Вардар до мостот на бул. 8ми Септември.

Оваа акција е дел од вонредните работни активности на ЈП Паркови и зеленило.

-Во заедничка соработка со Градот Скопје посветено и редовно ги одржуваме јавните зелени површини во градот во корист на посетителите и за целите на рекреација на граѓаните на кејот на Вардар, велат од ЈП „Паркови и зеленило“ .