Јужноафриканскиот национален институт за заразни болести (НИЦД) на својата Интернет страница соопшти дека денеска се регистрирани 19.842 нови случаи на Ковид, така што вкупниот број на заразени е 3.071.064 од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа починале уште 36 пациенти, со што вкупниот број на починати од Ковид е 90.038.

Зголемен е и бројот на хоспитализирани за 374, па сега има 4.252 пациенти во болниците низ Јужна Африка.