Јужна Кореја е првата азиска земја која се приклучи на групата за кибер одбрана на НАТО, соопшти јужнокорејската Национална разузнавачка служба.
Јужнокорејската Национална разузнавачка служба е официјално примена во Центарот за извонредност на НАТО за заедничка кибер одбрана (ЦЦДЦОЕ), со седиште во Талин, Естонија.
Со приемот на Јужна Кореја бројот на земји-членки се искачи на 32, од кои 27 се земји-членки на Алијансата.
ЦЦДЦОЕ е формиран во 2008 година како одговор на наводниот руски кибер напад што ги „парализираше“ државните мрежи на Естонија.