Јужна Кореја денеска надмина еден милион случаи на инфекција со коронавирус од почетокот на пандемијата, а здравствените власти забележаа рекордни 38.691 нови инфекции во моментот на ширење на варијантата Омикрон.
Јужна Кореја го потврди својот прв случај на Ковид-19 на 20 јануари 2020 година и набрзо стана првата земја, покрај Кина, која се соочи со голема епидемија.
Агресивната стратегија на следење, употреба на маски и карантин и помогна на Јужна Кореја да го ослабне почетниот бран на инфекција и да го задржи низок бројот на смртни случаи без да воведе целосно затворање.
Бројот на нови дневни случаи е речиси петпати поголем од две недели порано кога почна да доминира варијантата Омикрон, но бројот на сериозни инфекции е на подносливо ниво, велат властите.
Официјалните лица во петокот објавија дека ќе ги продолжат мерките за физичко растојание за најмалку уште две недели, вклучувајќи полициски час за деловни активности во 21 часот и ограничување од шест лица за приватни собири.
Вкупно, Јужна Кореја забележа 1.009.688 случаи на Ковид-19 и 6.873 смртни случаи.
Речиси 86 отсто од населението во земјата со 52 милиони жители е целосно вакцинирано, а повеќе од 54,5 отсто примиле бустер доза.