Меѓународниот монетарен фонд, кој подели 118 милијарди како интервентен заем на 87 земји во светот за да може успешно да се справат со пандемијата, сега бара отчет од земјите, каде се потрошени парите. Засега само мал дел држави објавиле извештај и поднеле сметки каде ги потрошиле парите. Како што информираат од ММФ има држави каде не се знае што е сторено со овие средства и како пример се набројуваат земји од Африка и Латинска Америка како што се: Нигерија, Конго, Малави, и Македонија…

Ова го објави деновиве угледниот Bloomberg Businessweek кој се повикува на 15 април кога директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, ги охрабри државите „да прават сè што треба“ за да се борат со пандемијата, но да не заборават „да ги чуваат сметките“.

Како што пренесува  Bloomberg Businessweek се работи за стотици милиони долари кои биле злоупотребени.

-Тоа значи помалку пари се распиратори, за мобилни болници, за лична опрема за заштита,“ коментира експерт за перење пари во Транспаренси интернационал посочувајќи дека за тоа има примери во неколку држави.

Македонија е една од земјите за кои ММФ изразила загриженост за тоа како биле трошени парите за време на пандемијата. ММФ на земјава и позајмија 192 милиони долари за што не била извршена ревизија, а Транспаренси овој факт го оценува како алармантен. Притоа  потсетуваат дека сме на 111. место по индексот на корупција, што е второ најлошо место во Источна Европа.