Сите фотографии кои Филипче и Заев ги употребуваат се симнати од интернет страница за фотографии и мултимедија каде месечна претплата е 200 евра со што се добива неограничен фонд на фотографии, велат од партијата.
Од таму истакнуваат дека истата таа кампања каде се платени само фотографии кои чинат 20 евра е наплатена 300.000 евра.
-Тоа се пари на граѓаните кои можеле да бидат потрошени за повеќе вакцини, за кислород во болниците каде фали или за изградба на модуларни болници за кои викаат дека немаат пари. Оваа власт има пари за се, само за тоа што треба не. Се поставува прашањето дачи преку скапо платената кампања за вакцинација се плаќа всушност кампања за СДСМ за локалните избори? Дали СДСМ си покрива маркетинг со државни пари? Колку и СДСМ да се труди да манипулира и да поткупува тоа веќе не поминува. Време е за промени и за нов пристап. Време е за Македонија за сите луѓе, стои во соопштението на партијата.