Фирмите се жалат дека немаат работна сила. Не можат да се најдат столари, машинци, се исели народот. Ние ќе правиме политики, но кога го немаме основен фактор за производство, а тоа се луѓето, нема да можеме да ги правиме тие политики. На пазарот на труд исто така не создаваме вештини. Имаме економисти, правници, секакви струки кои се во суфицит, а во дефицит ни се електро инженери, машинци, и онакви лица коишто бизнисот ги бара. Тоа значи дека образовниот систем не ни произведува вештини и има неусогласеност на понудата со побарувачката со вештини, истакна членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Маја Кадиевска Војновиќ на денешната дебата на тема „Економски принципи“ која е во рамки на настанот „Важно е! Платформа за иднина“ кој е дел од кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“.
„Младите ни заминуваат од државата, мозоците се одлеаа. Зошто? Педесет отсто од нив не партиципираат и не се активни на пазарот на труд и не ги навикнуваме да работат уште од мали години. Во Америка работат по 3-4 работи додека студираат. Висока е стапката на невработеност кај млади, највисока во Европа со 25%“, додаде Кадиевска Војновиќ.
Таа, исто така потенцираше дека во последно време и добро ситуирани семејства ја напуштаат државата заради нефункционалноста на системот.
„Во последно време и големи семејства коишто се добро ситуирани ја напуштаат државата и како неекономски мотиви се сѐ што бешеспомнато тука, односно корупцијатанееднаквоста невладеење на право, лимитираноста на судскиот систем да биденезависен и ефикасен. Политичката волја вопретходниот период не постоеше за да гизацврсти институциите и луѓето гледаатраспаднат систем, гледаат неквалитет воздравствени услуги и гледаат неквалитет вообразование“, подвлече Кадиевска Војновиќ.
Таа исто така зборуваше и за продуктивноста на трудот правејќи споредба на Македонија со европските земји и додаде дека за да се промени ваквата лоша слика за Македонија треба да се промени и образовниот систем.
„Ако македонскиот вработен произведува да речеме една кошула, а во Германија произведува во истата година 5 кошули, тоа значи дека е повеќе продуктивен. Е ние не сме продуктивни. Едно дете кое што денес е родено, кога ќе влезе на пазарот на труд, кога ќе порасне ќе биде само 56% продуктивно од она што може да биде потенцијално 100%. Е колку е тоа во ЕУ или во развиени држави? Дете родено во развиена држава кога ќе влезе на пазар на труд е 80% продуктивно. Тоа значи дека низ овој систем на образование каков што го имаме сѐ се учи само за тоа штотреба да учиме не учиме“, додаде КадиевскаВојновиќ.
Таа додаде дека власта не го искористи на никаков начин пописот за градење политики, туку само како стои состојбата по етникум.
„Самиот попис кој што го брзаа и насилнички го спроведоа, а не го анализираа, не видовме ниту една социоекономска општествена политика од пописот туку беше само колку сме по етникум, а не колку сме и дали имаме работна сила дали немаме, дали се иселија. Е сега што покажа, 10% од населението за 20 години ни отишло, а Светска Банка вели до 50-та година уште 10% ќе замине. Ни старее населението и над 65 години дефакто луѓето се зголемуваат по бројност, а ни се иселува она работоспособно население“, потенцираше Кадиевска Војновиќ.
За да се решат овие демографски проблеми и да почне да се подобрува економската состојба во Македонија, Кадиевска Војновиќ истакна дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже посветеност и волја за сѐ она што екруцијално.
„Тешко ќе биде, сите овие демографски процеси тежнеат на пензискиот и здравствениот систем, меѓутоа ние треба сѐ данаправиме уште од првиот ден да покажеменаша посветеност дека она што е круцијално, атоа се овие сегменти коишто сите говорници гизборуваа. Да покажеме борба со корупцијата, да покаже дека судството ќе си го оставиме дабиде независно, да ги гони сите без разлика ина политичка припадност и на етникум и како ида е. Да ја решиме загаденоста на воздухот штое уште еден мотив за иселување“, истакна Кадиевска Војновиќ и додаде:
„Ако ја покажеме таа политичка волја и ако ги помрднеме работите од мртва точка, од Македонија на колена во економска смисла мислам дека ќе ја добиеме довербата и луѓето ќе препознаат дека во еден подолг временски период може да ги направиме овие реформи“.