-Општина Кавадарци преку зимската служба на ЈП Комуналец ги исчисти и посоли сите патни правци на територија на Општина Кавадарци, тие се проодни за сите видови на превозни средства. На места пред село Страгово има наноси и до половина метар. Михајлово, Рожден и Горна Бошава, триесет сантиметри. Гарниково и Бојанчиште 25, а Страгово, Крњево, Чемерско и Бохула 20 сантиметри, соопштија од Кабинетот на градоначалникот.

Додаваат и дека најмалку снег има кон Ресава и Бегниште, околу 10 сантиметри.