Владиното парламентарно мнозинство се зголемува и со тоа се подобрува и ефикасноста и функционалноста на Собранието и носењето на клучни закони коишто се во интерес на граѓаните и коишто се во насока на справување со последиците од енергетската и економската криза, истакна пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.
Каевски изразува убедување дека во периодот што следи мнозинството уште ќе се зголемува се со цел, како што рече, исчекорот кон ЕУ да продолжи и чекор поскоро да се спроведат сите реформи неопходни за европскиот пат.
–Како што следи периодот очекувам и голем број на пратеници и политички партии да го поддржат европскиот пат на државата. Тоа очекувам да се случи во текот на оваа година и јас лично сум убеден и верувам дека ќе се случи затоа што она што го говорат и голем број на пратеници коишто во моментов не се во владејачкото парламентарно мнозинство кажуваат дека европскиот пат е нешто што сме го ветиле пред граѓаните и нешто за што сме обврзале и јас лично верувам дека тоа ќе се оствари. Бројката, односно пратениците коишто ќе ја поддржат, коишто ќе бидат дел од зголеменото парламентарно мнозинство ќе се потврди и овој пат, парламентарното мнозинство ќе се зголеми и тоа го докажавме и покажавме и верувам дека во периодот којшто следи тој број ќе се зголеми, рече Каевски.
Со зголемувањето на мнозинството, според Каевски, ќе се зголеми функционалноста и ефикасноста на Собранието во делот на донесување на сите потребни закони коишто се потребни за економијата и коишто се поврзани со справување со економската и енергетската криза, но и пред се европскиот пат којшто го имаме како држава.