Во скопската населба Карпош 1 се чини дека не важи забраната за присуство на гости во угостителските објекти, донесена на владина седница, пишува ТВ 21. 

Ситуацијата на терен изгледа како пред неколку недели, поставени маси на надворешните делови од објектите, на кои се служат пијалаци.

Инаку, покрај угостителските објекти целосна забрана да примаат гости имаат и хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување или на бензински станици кои имаат делови за служење храна.

Објектите кои вршат подготовка и продажба на храна може да продаваат преку онлајн или телефонска нарачка и да вршат достава на храна или самостојно подигнување на нарачката надвор од угостителскиот објект, преку пулт, се вели во владината одлука.