Во полицискиот билтен на СВР Охрид ова лето речиси секојдневно има информации за пронајдена дрога во Охрид. И викендов регистрирани биле повеќе такви случаи.
Синоќа во 23:30 часот, на кеј „Македонија“ во Охрид, приведен бил 23 годиншен државјанин на Австрија.
При преглед извршен претходно, полициските службеници, кај него пронашле и одзеле опојна дрога марихуана, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Исто така вчера, во 13:15 часот, на плажа на брегот на Охридското Езеро, приведени биле три лица на возраст од 19 години, сите од Битола.
При извршен преглед, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа опојна дрога марихуана, соопшти Димоски.
По целосно документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави, стои во полицискиот билтен.